ПОЛИТИКА ЗА КВАЛИТЕТ

Млекарата МОСКОВ МС се определува,во целост да ја спроведува ПОЛИТИКАТА ЗА КВАЛИТЕТ ,која е рамка за воспоставување и прегледување на дефинираните цели за квалитет,а чии основни принципи се :
Креирање деловен систем за квалитет ориентиран кон:

•Клиентите,со цел зголемување на нивната доверба
•Ориентирање и прилагодување на пазарот,со цел зголемено учество на истиот
•Само квалитетен производ да биде доставен до ценетиот клиент,со што ќе се зголеми и подобри имиџот на фирмата
•Создавање коректни односи со добавувачите заради исполнување на барањата на млекарата МОСКОВ МС
•Идентификување и елиминирање на сите недостатоци кои можат да предизвикаат губење на работа и клиенти,смалување на добивка и се она што неповолно влијае на целата заедница
•Сите вработени имаат овластување да работат во рамките на нивните дефинирани одговорности

Политиката на млекарата МОСКОВ МС е:
•Да произведува и пласира производи со инзворенден квалитет.Компанијата преку имплементација и континуирано подобрување на НАССР системот е обврзана да произведува безбедна и здравствено исправна храна применувајќи ги Добрите Производствени Постапки исполнувајќи ги законските регулативи а воедно задоволувајќи ги барањата на клиентите
•Перманентно го спроведува стручното оспособување за квалитетот и здравствено исправната храна на вработените на сите нивоа
•Води грижа за подобрување на условите за работа,опремата и знаењето на вработените,како и заштита на животната околина