КОМПАНИЈА

Млекарата Милко на МОСКОВ-МС ДООЕЛ, лоцирана во индустриска зона с. Куклиш, е основана во 2008 година со основна дејност за откуп на сурово млеко, производство, складирање, дистрибуција и продажба на млечни производи на пазарот на Република Македонија, со можност за извоз на производите и на надворешните пазари.

Млекарата произведува и продава производи од растително потекло под брендот Милко, кој е присутен на Македонскиот пазар веќе 6 години.

Млекарата ги имплементираше HAACP стандардите за производство и доби трајна дозвола за прозводство на млечни производи од Агенцијата за Храна и Ветерина на Република Македонија. Дополнително, од јуни 2013 млекарата доби и дозвола за извоз под МК број 12090188, со што се отворија и можностите за продажба надвор од Македонија.